Ердоган: Нагорно Карабах е предуслов без кој се не може за подобрување на нашите односи со Ерменија

Претседателот Ердоган на церемониите по повод одбележувањето на 100-годишнината од ослободувањето на Баку рече: „Треба да се знае дека проблемот Нагорно Карабах е предуслов без кој се не може за подобрување на нашите односи со Ерменија“

1050235
Ердоган: Нагорно Карабах е предуслов без кој се не може за подобрување на нашите односи со Ерменија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на својата посета на пријателски и братски Азербеџан во гавниот град Баку беше дочекан со официјална церемонија.

Потоа претседателот Ердоган оствари средба лице в лице со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

На средбата беше разговарано за чекорите кои што би можеле да се фрлат за унапредување на стратешките односи и соработката до уште повисоко ниво со Азербејџан.   

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на церемониите по повод одбележувањето на 100-годишнината од ослободувањето на Баку рече: „Треба да се знае дека изнаоѓањето решение за проблемот Нагорно Карабах е предуслов без кој се не може за подобрување на нашите односи со Ерменија.“    

Ердоган го подвлече следното: „Оние кои не положиле сметка за случувањата кои што беа доживеани во Хоџали пред само 25 години, кои не одговарале за масакрите во Нагорно-Карабах, кои убијците ги прогласуваат за херои, не се оние кои нам можат да ни држат било каква лекции за историјата.“

„Оние кои држат под окупација 20-насто од териториите на нашите браќа, кои не им дозволуваат на повеќе од еден милион наши браќа да се вратат во својата сопствена татковина залудно е да очекуваат од нас да ги отвориме  нашите граници.“ - рече Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и азербејџанскиот претседател Ихам Алиев во Баку ги посети и гробот на покојниот азербејџански претседател Хајдар Алиев и гробиштата на паднатите турски и азербејџански борци.

Двајцата претседатели потоа ги посетија гробиштата на паднатите турски борци во Баку каде што положија венец на овдешниот споменик и се потпишаа во спомен книгата. 

 



Слични вести