Во операциите во последната една недела се неутрализирани 54 терористи на ПКК
Турските вооружени сили (ТВС) во реализираните операции во периодот од 7 до 13 септември, за една недела, неутрализираа вкупно 54 терористи на ПКК од кои 19 внатре во земјата и 35 надвор преку границата, меѓу кои и еден од таканаречениот лидерски кадар

Во реализираните операции од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во последната една недела се неутрализирани 54 припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, меѓу кои еден и од таканаречениот лидерски кадар.
Турските вооружени сили (ТВС) ја продолжуваат со одлучност борбата против терористичките организации внатре во границите на земјата и надвор преку границата.
Во тие рамки во периодот од 7 до 13 септември непрекинато беа продолжени операциите кои што се реализираат во подрачјата на градовите Ширнак, Сиирт, Хаќќари, Дијарбакир и Мардин во земјата кои од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК се користат како места за постојано сместување и како маршрута за префрлување во земјата и преку границата во северниот дел на Ирак.
Во овие операции за една недела беа неутрализирани вкупно 54 терористи од кои 19 внатре во границите на земјата и 35 надвор преку границата, меѓу кои и еден од таканаречениот лидерски кадар на терористичката организација.
Освен тоа во операциите беа запленети и голем број парчиња автоматско оружје, една хаубица, 7 ракетни фрлачи РПГ и голема количина на експлозив кој што бил користен во подготвување на експлзивни направи од рачна изработка.
Слични вести

Ердоган: „Нема да застанеме се додека не заврши изградбата на голема и силна Турција“
Минатата година ја затворивме со многу добри резултати во инвестициите и буџетските имплементации

Ердоган: „Нема да застанеме се додека не заврши изградбата на голема и силна Турција“
Ердоган: „Нема да застанеме се додека не заврши изградбата на голема и силна Турција“