Чавушоглу: Дојде времето за Вашингтон да одлучи кој му е вистинскиот сојузник во регионот

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во писмото за „Њујорк Тајмс“ напиша дека не постои никакво оправдување тоа што сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК делува во Сирија, на само неколку километри од границата на Турција

1049320
Чавушоглу: Дојде времето за Вашингтон да одлучи кој му е вистинскиот сојузник во регионот

Објавено отвореното писмо на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кое што го напиша до уредникот на амеирканскиот весник „Њујорк Тајмс“ чиј наслов гласи „Катастрофата која што се уочува во Сирија“.

Чавушоглу во ова свое писмо истакна дека не постои никакво оправдување и никако не може да се застане во одбрана на тоа што сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК делува во Сирија, на само неколку километри од границата на Турција.

Мевлут Чавушоглу го употреби изразот „Дојде времето Вашингтон да одлучи кој му е вистинскиот сојузник во регионот.“

Чавушоглу истакна дека веста што беше објавена во американскиот весник „Њујорк Тајмс“ на 9 септември под насловот „Во Сирија е на повидок страотно финале“ е правилна од аспект на тоа што покажува дека од страна на режимот на Бешар Асад во Сирија се реализира една крвава операција на последното подрачје каде што е силна опозицијата.

Мевлут Чавушоглу потсети дека еден функционер на Обединетите нации (ОН) предвиде дека оваа операција нема да им остави место каде што можат да отидат илјадници луѓе и дека ќе „предизвика најголеми човечки загуби во 21-от век.“ 

Чавушоглу во писмото нагласи дека ЈПГ е сириски огранок на ПКК која повеќе од 30 години како реализира терористички акции и кампања на насилство во Турција, а исто така потсети дека Турција, САД и Европската унија (ЕУ) ја прогласија ПКК за терористичка организација.

 

„Не постои никакво оправдување и никако не може да се застане во одбрана на тоа што силите на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК делуваат во Сирија, на само неколку километри од границата на Турција. Дојде времето за Вашингтон да одлучи кој му е вистинскиот сојузник во регионот.“- напиша министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу до уредникот на американскиот весник „Њујорк Тајмс.

 

 



Слични вести