Претседателот Ердоган одржа заедничка прес-конференција со својот казахстански колега Назарбаев

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев во претседателската палата во Анкара одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот

1049103
Претседателот Ердоган одржа заедничка прес-конференција со својот казахстански колега Назарбаев

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев по одржата средба лице в лице и состанокот на Советот за стратешка соработка на високо ниво во претседателската палата во Анкара одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот.

Во оваа пригода претседателот Ердоган потсети дека со Назарбаев се состанале на 3 септември по повод 6. Самит на Турскиот совет во Казахстан и истакна дека на средбата лице в лице и разговорите помеѓу делегаците кои што беа одржани денеска се стекнале со можност за искрено разгледување на сите прашања кои што се наоѓаат на дневниот ред на двете земји. 

Велејќи дека оствариле мошне обемни и продуктивни консултации, Ердоган напомена дека по повод оваа посета беа потпишани и низа договори помеѓу двете земји.

Претседателот Ердоган подвлече дека во рамките на Турско-казахстанскиот инвестициски форум кој се состана вчера во Анкара помеѓу надлежните институции и приватниот сектор на двете земји беа потпишани повеќе од 20 документи чие вкупно портфолио достигнува до 2 милијарди долари.

Претседателот Ердоган потсети дека на средбите биле разменети мислења и ои прашањето на борбата против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО.

Велејќи „На разговорите разменивме мислења по прашањето на борбата против ФЕТО“, Ердоган продолжи со следните зборови: „Со сите димензии ја изнесовме заканата која што оваа органзиација ја претставува за нашата земја, нашиот народ и за сите земји во кои делува и ги задолживме нашите надлежни функционери. Денеска воедно имавме можност да ги разгледаме со сите нивни детали и другите прашања кои што се наоѓаат на нашиот дневен ред на билатерала на чело со економијата, трговијата, одбраната, културата и образованието.“

Пред да се премине на заедничката конференција за претставниците на печатот во присуство на двајцата претседатели Реџеп Тајјип Ердоган и Нурсултан Назарбаев се одржа церемонија на потпишување на низа склучени договори помеѓу двете земји.

Според тоа, договорот за воена соработка и договорот за взаемна заштита на тајните информации во воената сфера помеѓу владите на двете земји беа потпишани од страна на министерот за национална одбрана Хулуси Акар и казахстанскиот министер за одбрана Нурлан Ермекбаев.

На акциониот план за 2018-2020 година за заедничката економска програма за нова синергија пак потпис ставија министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и казахстанскиот министер за инвестиции и развој Зенис Касимбек.

Договорот во врска со формирањето и активностите на културните центри помеѓу владите на двете земји го потпишаа министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој и казахстанскиот министер за култура и спорт Аристанбек Мукмахемидиули.

На меморандумот за за земјоделска соработка помеѓу министерството за земјоделство и шумарство и казахстанското министерство за земјоделство потпис ставија заменик-министерот за земјдоелство и шумарство Мехмет Хади Тунч и казахстанскиот заменик-министер за земјоделство Јерлан Нисанбаев.



Слични вести