Хулуси Акар: Турција посакува апсолутно да продолжи режимот на прекин на огнот во Идлиб

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна Турција посакува апсолутно да продолжи режимот на прекин на огнот во подрачјето на градот Идлиб во Сирија

1047030
Хулуси Акар: Турција посакува апсолутно да продолжи режимот на прекин на огнот во Идлиб

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар синоќа во Анкара учествуваше на приредениот свечен прием по повод 99-годишнината од независноста на Авганистан чиј домаќин беше амбасадорот на оваа земја во Турција Абдул Рахим Сајед Џан.

Во говорот што го одржа на приемот министерот Хулуси Акар направи проценка на актуелниот дневен ред и притоа истакна Турција посакува сигурно да продолжи режимот на прекин на огнот во подрачјето на градот Идлиб во Сирија.

Во однос на случувањата во Идлиб Акар потсети дека таму постои соодветен режим на прекин на огнот во рамките на процесот од Астана и рече: „Сакаме овој режим на прекин на огнот апсолутно да продолжи.“ 

Нагласувајќи дека отворено стои дека доколку не може да се воспостави режимот на прекин на огнот и биде извршен напад во подрачјето ќе претрпат мошне големи болки и страдања особено цивилите, децата и старите, Хулуси Акар рече: „Нашиот најголем напор е што поскоро да бидат запрени сите напади кои што се реализираат од воздух и од копно и да се воспостави прекин на огнот и стабилност во подрачјето.“ 

Акар подвлече дека Турција е против убивањето на недолжните луѓе со секој вид оружје вклучувајќи го и хемиското, а воедно напомена дека Таа е против сите терористички организации, а не само против одредени терористички организации и продолжува да води борба против сите терористички организации.

„Нашата борба против терористичките организации како Ал Каеда и ФЕТО, ПКК/ПЈД/ЈПГ, ПЖАК, ДЕАШ ќе продолжи непрестано се додека не биде неутрализиран и последниот терорист.“ - констатира министерот за национална одбрана Хулуси Акар.



Слични вести