Во подрачјето на планината Ќупели кај Ширнак се неутрализирани 5 терористи на ПКК

Единиците за разузнавање на Командата на жандармеријата во подрачјето на планината Ќупели кај градот Ширнак утврдија група терористи кои се подготвувале за зимување и реализирација на напад во ова подрачје при што беа неутрализирани 5 терористи на ПКК

1046314
Во подрачјето на планината Ќупели кај Ширнак се неутрализирани 5 терористи на ПКК

Во реализирана операција поддржана од воздух во подрачјето на планината Ќупели кај градот Ширнак во југоисточниот дел на земјата се неутрализирани 5 мина терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од министерството за внатрешни работи, единиците за разузнавање на Командата на жандармеријата во  подрачјето на планината Ќупели кај градот Ширнак утврдија група терористи кои се подготвувале за зимување и извршување на напад во ова подрачје. 

Во операцијата која што беше реализирана и беше поддржана од воздух беа неутрализирани 5 мина терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Од друга страна, во реализираните операции за воспоставување на внатрешната безбедност во последната една недела се неутрализирани 35 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, меѓу кои и двајца од водечкиот кадар.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека освен тоа за една недела се притворени 445 лица поради пружање помош и уточиште и поврзаност со терористичките организации. 4.307 лица поради извршување кривични дела бавење со трговија со опојни дроги и криумчарење и 101 лице во рамките на борбата против илегалната миграција.

 

 



Слични вести