Турција за еден месец во Идлиб и Латакија испрати 145 шлепери и камиони хуманитарна помош

Раководителот на Турската Црвена полумесечина Кизилај Хакан Сари истакна дека Турција за еден емсец во градот Идлиб и руралното подрачје на градот Латакија во Сирија достави 145 шлепери и камиони хуманитарна помош

1046682
Турција за еден месец во Идлиб и Латакија испрати 145 шлепери и камиони хуманитарна помош

Турција за еден емсец во градот Идлиб и руралното подрачје на градот Латакија во Сирија достави 145 шлепери и камиони хуманитарна помош составена од храна, школски прибори и опрема, леб, лекови и облека. 

Раководителот за операции за испраќање помош на границата на Турската Црвена полумесечина Кизилај Хакан Сари истакна дека Кизилај уште од 2011 година почетокот на граѓанската војна води напори да стои покрај сириските граѓани кои имаат потреба од помош.

Во тие рамки Хакан Сари напомена дека го продолжуваат работите за доставување хуманитарна помош во градот Идлиб и во руралното подрачје на Хама и го рече следното: 
„Со заслугите на нашата организација и на различни доброволци волонтери за 30 дена се испратени вкупно 145 шлепери и камиони со хуманитарна помош од кои поголемиот дел во руралното подрачје на градот Идлиб и областите на Туркменската планина и Џебел Екрад во руралното подрачје на градот Латакија. Хуманитарната помош составена од 960 тони леб, 150 тони сува храна, 28 тони чиста вода за пиење, 145 илјади парчиња облека, 305 илјади кутии лекови и медицински материјали, 900 тони брашно, 2 илјади 400 парчиња школски прибор и опрема и 1.800 пакети материјали за чистење им се доставени на лицата кои имаат потреба од помош.“ 

Истиот раководител на Турската Црвена полумесечина Кизилај Хакан Сари додаде дека согласно потребите на тамошното население ќе продолжи да се доставува хуманитарна помош.



Слични вести