Јапонската принцеза Акико Микаса го посети мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“

Јапонската принцеза Акико Микаса го посети мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ во Анкара каде што положи венец на гробот на Ататурк и му оддаде почит на Големиот лидер

Јапонската принцеза Акико Микаса го посети мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“

Јапонската принцеза Акико Микаса која престојува во неколкудневна посета на Турција во рамките на своите средби во Анкара го посети мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ каде се наоѓа гробот на Големиот лидер основоположникот на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк.

Принцезата Акико положи венец на гробот на Ататурк и му оддаде почит на Големиот лидер, по што се потпиша со спомен книгата на мавзолејот.

Оттука јапонската принцеза Акико Микаса го посети турско-јапонскиот културен центар.

Јапонската принцеза овде на местото до дрвото кое што го посадил нејзиниот татко принцот Такахико во дворот на фондацијата во 1993 година исто така посади дрвце по повод 20-годишнината од отворањето на турско-јапонскиот културен центар.

Јапонската принцеза која во Турција допатува за да присуствува на манифестацијата во организација на Фондацијата на јапонскиот принц Микаса која ќе се одржи во музејот „Сакип Сабанџи“ во Истанбул, во рамките на својата посета на Анкара се состана со Управниот одбор  на Турско-јапонската фондација и со учесниците.

По посетата на турско-јапонската фондација јапонската принцеза Акико Микаса ќе отпатува за Киршехир каде што ќе го посети Јапонскиот анадолски археолошки институт во Каман Калехојук.

Јапонската принцеза Акико Микаса која допатува во неколкудневна посета на Турција вчера во дворецот Мабејн во сарајот Јилдиз во Истанбул беше примена кај претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Јапонската принцеза ќе се состане и со претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим и нејзината посета на Турција ќе продолжи до 14 септември.



Слични вести