Ердоган: Борбата на Ертугрул Гази е највпечатливиот пример за тоа што се може да успее нашиот народ

Претседателот Ердоган го нагласи братството и единството и истакна: „Борбата на Ертугрул Гази е најконкретниот и највпечатливиот пример за тоа што се може да успее да постигне нашиот народ тогаш кога е обединет.“

1046163
Ердоган: Борбата на Ертугрул Гази е највпечатливиот пример за тоа што се може да успее нашиот народ
binali yildirim sogut.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод 737-мите Прослави Согут на сеќавање на Ертугрул Гази и јуручки фестивал.

Претседателот Ердоган во пораката го нагласи братството и единството и истакна: „Борбата на Ертугрул Гази е најконкретниот и највпечатливиот пример за тоа што се може да успее да постигне нашиот народ тогаш кога е обединет.“   

Велејќи „Со трпение чекориме кон нашите цели“, Ердоган го нагласи следното: „Аманетот чии темели на овие територии ги фрли Ертугрул Гази и го донесе нашиот народ до денешни дни, придавајќи му значење со векови, со Аллахова помош сме одлучни да им го предадеме на генерациите кои што доаѓаат по нас, со негово унапредување до уште повисок степен.“

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим во говорот што го одржа на  737-мите Прослави Согут на сеќавање на Ертугрул Гази и јуручки фестивал рече: „Секој, и пријателите и непријателите да знаат дека операциите кои што се реализират преку нашата валута и нашата економија и игрите кои што се поставуваат сигурно ќе бидат расипани.“

„Постојат такви кои сакаат да доведат до раздор меѓу нас, да не доведат едни наспроти други. Предавниците кои ги изнесуваат како изговор економските, социјалните и политичките причини, прават се што е во нивна можност за да не ослабат. Иста е целта и на сепаратистите и предавниците на ФЕТО раководени од надворешните мрачни сили. Што и да прават не можат да ја потчинат Турција.“ - подвлече во својот говор претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим.



Слични вести