Во воздушни операции на северот на Ирак се неутрализирани 7 терористи на ПКК

Турски воени авиони реализираа воздушни операции во северниот дел на Ирак во кои беа неутрализирани 7 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1045644
Во воздушни операции на северот на Ирак се неутрализирани 7 терористи на ПКК

Во реалзирани воздушни операции од страна на Турските воружени сили (ТВС) во северниот дел на Ирак се неутрализирани 7 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното сопштение од Генералштабот, вчера турски воени авиони реализираа воздушна операција на областа Хакурк во северниот дел на Ирак. 

Во операцијата беа неутрализирани тројца вооружени терористи припадници на сепаратистичко-терористичката организација за кои беше установено дека се спремаат за напад на воените бази на Турските вооржени сили (ТВС) на турско-ирачката граница.

Во реализирана воздушна операција на областа Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак пак беа неутрализирани четворица терористи на ПКК за кои беше установено дека исто така се спремаат за напад на воените бази на Турските вооржени сили (ТВС). 

Во меѓувреме, е установено дека едниот од тројцата неутрализирани терористи на 3 август во моментот кога на магистралниот пат Хаќќари-Чукурџа поставувале експлозив од рачна изработка бил терористот по име Омер Ердемир познат под кодното име „Брукс Белати“ кој се наоѓал во списокот на барани терористи означен со сива боја.



Слични вести