Претседателот Ердоган во Техеран се состана со иранскиот верски лидер Али Хамнеи

Според објавеното соопштение од прес-канцеларијата на иранскиот верски лидер Ајетолахот Али Хамнеи, Хамнеи направи проценка на одржаната средба со петседателот Ердоган

1045630
Претседателот Ердоган во Техеран се состана со иранскиот верски лидер Али Хамнеи

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по тројниот самит што се одржа вчера во Техеран меѓу Турција, Русија и Иран посветен на Сирија се состана со иранскиот верски лидер Ајетолахот Али Хамнеи.

Средбата се одржа во резиденцијата на Хамнеи и беше затворена за печатот.

Според објавеното соопштение од прес-канцеларијата на иранскиот верски лидер Ајетолахот Али Хамнеи, Хамнеи направи проценка на одржаната средба со петседателот Ердоган.

Осврнувајќи се на добрите односи помеѓу Турција и Иран, Хамнеи истакна дека заедничките точки на двете земји треба да се зајакнат уште повеќе.

Привлекувајќи внимание дка Турција и Иран се две угледни и силни земји во регионот, Али Хамнеи рече: „Иран и Турција располагаат со заеднички цели за исламскиот свет. Затоа треба да се развие политичката и економската соработка помеѓу Иран и Турција.“

Хаманеи истакна дека го цени и ставот на претсдателот Ердоган по прашањето на Мјанмар и рече: „Палестинското прашање е постојано значајно и ниту за момент не треба да се западне во гешка.“

Укажувајќи на значењето на зближувањето и солидарноста на исламските земји, иранскот верски лидер Ајетолахот Али Хамнеи рече: „Единството и соработката на исламските земји ќе ја претставува основата на решението на проблемите во регионот. Затоа империјализмот на чие чело се наоѓаат САД се загрижени од соработката и зближувањето на исламските земји и од појавата на една исламска сила.“  

 



Слични вести