Ердоган: Прашањето со Идлиб треба да се реши останувајќи верно на духот од Астана

Претседателот Ердоган во своите објави на Твитер на англиски, руски и арапски јазик го напиша следното: “Прашањето со Идлиб треба да се реши останувајќи верно на духот од Астана, без притоа да се доведе до нови болки, нови тензии и нови тешкотии“

1045699
Ердоган: Прашањето со Идлиб треба да се реши останувајќи верно на духот од Астана

Претседателот Реџеп Тајјип Едоган на својата сметка на социјалната мрежа Твитер сподели објави на англиси, руски и арапски јазик во врска со тројниот самит Турција-Русија-Иран што се одржа вчера во Техеран.

Претседателот Ердоган истакна дека доколку за интересите на Асадовиот режим во Сирија се затворат очите пред убиството на десетици илјади недолжни луѓе, Турција нема да биде соучесник и набљудувач на една таква игра.

Велејќи дека Турција уште од почетокот води борба за стопирање на крвопролевањето во Сирија и им излегува во пресрет на своите сириски браќа без притоа да прави било каква разлика меѓу нив, Ердоган нагласи дека како досега така и денеска не сака да се пролее ниту капка крв на ниту еден Сириец.

Ердоган во своите објави на Твитер напиша дека на самитот Турција уште еднаш отворено истакна дека методите со кои што никако не се води грижа за животната безбедност на сириските цивили нема да обезбедат никаква корист освен тоа што ќе им годат на терористите. 

Велејќи „Доколку за интересите на режимот се затворат очите пред убиството на десетици илјади недолжни луѓе ние нема да бидеме соучесници и набљудувачи на една таква игра“, претседателот Ердоган во своите објави на англиски, руски и арапски јазик го напиша следното: “Прашањето со Идлиб треба да се реши останувајќи верно на духот од Астана, без притоа да се доведе до нови болки, нови тензии и нови тешкотии. Зачувувањето на принципите кои што ги постинавме во спогодбата од Астана е значајно и од аспект на изнаоѓањето на одржливо политичко решение за сириската криза. Не треба под рувото на борбата пртив тероризмот на теренот да се оди кон активности на свршен чин, треба да се застане против сепаратистичките чекори со кои што се има за цел да се ослабат територијалниот интегритет на Сирија и националната безбедност на соседите земји.“ 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напомена дека Турција како земја домаќин на повеќе од 3,5 милиони Сиријци ќе продолжи да работи за да се овозможи доброволно и безбедносно враќање на бегалците и да се изнајде трајно решение за сирискиот спор на заедничка основа на која што ќе постигнат компромис сите инволвирани страни. 



Слични вести