За една недела се неутрализирани 62 терористи на ПКК од кои четворица од т.н. водечки кадар

Во периодот од 31 август до 6 септември се неутрализирани вкупно 62 терористи од кои 22 внатре во земјата и 40 надвор преку границата, меѓу кои и четворица од т.н. водечки кадар, а едниот се наоѓаше меѓу бараните терористи означени со црвена боја

1045267
За една недела се неутрализирани 62 терористи на ПКК од кои четворица од т.н. водечки кадар

Во последната една недела, во периодот од 31 август до 6 септември се неутрализирани 62 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, меѓу кои се наоѓаат четворица терористи од т.н. водечки кадар.

Турските вооружени сили (ТВС) со одлучност ја продолжуваат борбата против терористичките организации на чело со сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и терористичката организација ДЕАШ, како внатре во границите на земјата, така и надвор преку границата, а со цел воспоставување на безбедноста. 

Непрестано продолжуваат операциите од голем и среден обем кои што се реализираат во подрачјата на градовите Ширнак, Сиирт, Хаќќари, Дијарбакир и Мардин внатре во границите на земјата и надвор преку границата во северниот дел на Ирак, инаку места кои што од страна на ПКК/КЏК постојано се користат како простори за засолнување и префрлувања во Турција.

Во реализираните операции во периодот од 31 август до 6 септември, за една недела, се неутрализирани вкупно 62 терористи од кои 22 внатре во земјата и 40 надвор преку границата, меѓу кои се наоѓаат и четворица од т.н. водечки кадар, а едниот се наоѓаше меѓу бараните терористи означени со црвена боја.

Во операциите беа запленети и големи количини на оружје, муниција и експлозив на терористите.



Слични вести