Турција, Русија и Иран на крајот на тројниот самит во Техеран објавија заедничка завршна декларација

На крајот на тројниот самит на кој се состанаа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рухани беше објавена заедничка завршна декларација составена од 12 члена

1045509
Турција, Русија и Иран на крајот на тројниот самит во Техеран објавија заедничка завршна декларација

Денеска во Техеран се одржа троен лидерски самит мѓу Турција, Русија и Иран посветен на Сирија.

На крајот на тројниот самит на кој се состанаа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рухани беше објавена заедничка завршна декларација.

Завршната декларација се состои од 12 члена.

И тоа: 

1. Изразија задоволство од успесите кои што се постигнати од јануари 2017 година досега со форматот од Астана, особено од постигнатиот напредок во намалувањето на насилството општо во Сирија  и од дадениот придонес на мирот, безбедноста и стабилноста во земјата.

2. Нагласија дека се силни ветувањата кои што продолжуваат кон суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Сирија и целите и принципите на условот на Обединетите нации (ОН) и ја потцртаа потребата од покажување почит кон нив од страна на секого. Повторија дека без оглед на тоа од чија страна е извршена, ниту една акција не треба да им наштети на овие принципи.  Ја отфрлија секој вид иницијатива во однос на создавање на нови вистини (чинови) на теренот под рувото на борбата против тероризмот, ја изразија одлучноста за застанување пред сепаратистичите активности со кои се има за цел да се ослабат суверенитетот на Сирија и територијалниот интегритет и националната безбедност на соседните земји.

3. Ја разгледаа актуелната ситуација на теренот, направија проценка на случувањата во врска со Сирија по последните одржани состаноци во Анкара и посигнаа едногласност по прашањето на продолжување на тројната координација согласно постигнатиот меѓусебен компромис. Во тие рамки ја разгледаа ситуацијата во областа на намалување на затегнатоста во Идлиб и одлучија ова прашање да го разгледаат согласно гренаведените принципи и духот на соработка дефиниран од страна на форматот од Астана. 

4. Ја потврдија одлучноста за продолжување на меѓусебната соработка со цел целосно елиминирање на ДЕАШ, Фронтот Нусра и Ал Каеда или на поединци, групи, формации и организации поврзани со ДЕАШ, кои од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) се дефинирани како терористички. Потцртаа дека во борбата против тероризмот е од големо значење одделувњето на вооружените опозициски групи кои се приклучени кон режимот на прекин на огнот од горенаведените терористички групи, вклучувајќи го и спречувањето на цивилните загуби.

5. Го потврдија верувањето во однос на тоа дека не може да се постигне воено решение за сирискиот спор и дека спорот би можел да се реши само по пат на политички процес за кој што е преговарано. Ја потврдија одлучнота за продолжување на меѓусебната активна соработка со цел унапредување на одлуките на Конгресот за национален дијалог на Сирија во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) број 2254.   

6. Ја повторија својата одлучност по прашањето на продолжување на своите заеднички напори со цел унапредување на процесот за постигнување политичко решение под водство и од страна на Сиријците и ги нагласија своите ветувања во правец на помагање во активностите за формирање и започнување со работа на Уставниот комитет. Го нагласија задоволството што го чувствуваат од корисните консултации меѓу искусните службеници и специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Сирија.

7. Ја нагласија потребата да се даде поддршка на сите напори во правец на повторно стекнување на сите Сиријци со својот нормален и спокоен живот и намалување на нивните болки. Во тој контекст упатија повик до меѓународната заедница на чело со ОН и хуманитарните агенции за испраќање на дополнителна хуманитарна помош за зголемување на помошта што се доставува на Сирија со олеснување на активностите за исчистување на мините, доведување во нивната поранешна состојба на основните инфраструктурни елементи вклучувајќи ги и социјалните и економските објекти и со заштита на историското наследсво.

8. Ја повторија одлучноста за продлжување на заедничките напори со кои што се има за цел заштита на цивилите и подобрување на хуманитарната состојба по пат на олеснување на брз, безбеден и континуиран хуманитарен пристап до сите Сиријци кои имаат потреба од хуманитарна помош. 

9. Ја потцртаа потребата за подготвување на неопходните услови за безбедно и доброволно враќање на бегалците и лицата кои се раселени од своите домови внатре во земјата назад во своите сопствени домови каде што живеат во Сирија. Со таа цел ја нагласија потребата од координација помеѓу сите надлежни страни вклучувајќи ги и Високиот комесаријт на ОН за бегалџи (УНХЦР) и другите меѓународни експертски организации. [Постигнаа согласност по прашањето на искористување на идејата за одржување на меѓународна конференција во врска со сириските бегалци и лицата кои се раселени од своите родни места внатре во земјата.]   

10. Со задоволство го дочекаа напредокот во активностите на Работната група за ослободување на приведените/киднапираните, предавање на мртвите тела и утврдување на исчезнатите лица, кои се водат со учество на есперти на Обединетите нации (ОН) и Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).

11. На покана на рускиот претседател Владимир Путин одлучија следните состаноци да се одржат во Русија. 

12. Претседателите на Русија и Турција ја доставија својата искрена благодарност до иранскиот претседател Хасан Рухани за организирањето на тројниот самит во Техеран.

 

 



Слични вести