Турција и Холандија назначија меѓусебно амбасадори

Во објавеното соопшение од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека за амбасадор на Турција во Хаг, Холандија е назначен Шабан Дишли

1045547
Турција и Холандија назначија меѓусебно амбасадори

Турција  Холандија назначија меѓусебно свои амбасадори во Хаг и во Анкара.

За амбасадор на Турција во Хаг, Холандија е назначен Шаан Дишли.

Во објавеното соопшение од турското министерство за надворешни работи се вели следното: „Како што е постигната согласност во правец на нормализирање на односите помеѓу Турција и Холандија денеска се соопштени меѓусено назначаните амбасадори. Во тие рамки со одобрение на господинот претседател (Реџеп Тајјип Ердоган) Шабан Дишли е назнаен за наш амбасадор во Хаг.“ 

„Официјалната посета за која што е планирано холандскиот министер за надворешни работи да ја оствари на нашата земја во првата недела на октомври ќе го претставува следниот чекор во правец на нормализирање на одосите. Овие случувања кои што влеваат задволство посакуваме да се одразат позитивно на нашите коренити односи со Холандија со минато од над 400 години и на нашиот преговарачки процес за членство во Европската унија (ЕУ).“ - стои во соопштението на министерството за надворешни работи на Турција.

 



Слични вести