Претседателот Ердоган замина за Техеран за критичниот троен лидерски самит посветен на Сирија

Претседателот Ердоган утрово во 09:10 часот според турско време со специјалниот авион „ЏАН“ отпатува за Техеран каде што ќе учествува на денешниот критичен троен лидерски самит меѓу Турција, Русија и Иран, посветен на Сирија

1044908
Претседателот Ердоган замина за Техеран за критичниот троен лидерски самит посветен на Сирија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утрово замина за главниот град на Иран Техеран каде што ќе учествува на денешниот критичен троен лидерски самит меѓу Турција, Русија и Иран, посветен на Сирија.

Ердоган отпатува за Техеран во 09:10 часот според турско време, со специјалниот авион „ЏАН“.

Претседателот Ердоган од аеродромот Есенбога во Анкара беше испратен од страна на потпретседателот Фуат Октај, валијата на Анкара Ерџан Топаџа, командантот на гарнизонот во Анкара генерал-полковник Али Сиври и други високи функционери. 

Заедно со претседателот Реџеп Тајјип Ердпган за Иран отпатуваа и министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак и Фахреттин Алтун, претседателот за комуникација во кабинетот на претседателот. Претходно пак, односно вчера за Техеран замина и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

На денешниот критичен троен лидерски самит посветен на Сирија ќе учествуваат претседателот Реџеп Тајјип Ертдоган, рускиот претседател Владимир Путин и домаќинот иранскиот претседател Хасан Рухани.

 

 



Слични вести