Поддршка од 8 земји на ЕУ до Турција по прашањето со Идлиб

8 земји на ЕУ пред состанокот на Советот за безбедност на ОН ја изнесоа својата загриженост по прашањето со Идлиб и истакнаа дека даваат поддршка на напорите на Турција и Обединетите нации (ОН) за изнаоѓање итно дипломатско решение

1045095
Поддршка од 8 земји на ЕУ до Турција по прашањето со Идлиб

8 земји членки на Европската унија (ЕУ) соопштија дека даваат поддршка на дипломатските напори кои што ги води Турција за подрачјето на градот Идлиб во Сирија.

Овие 8 земји на Европската унија (ЕУ) пред состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) ја изнесоа својата загриженост по прашањето со Идлиб и истакнаа дека даваат поддршка на напорите кои што ги водат Турција и Обединетите нации (ОН) за изнаоѓање итно дипломатско решение. 

Постојаниот претставник на Шведска во  Обединетите нации (ОН) Олаф Скоог на влегување на состанокот на Советот за безбедност Олоф Ског кој говореше во име на наведената група земји истакна дека судирите во Сирија ионака доведуваат до доволна болка и доволни страдања за милиони луѓе кои се наоѓаат под опсада или кои биле принудени на иселување, а воедно упати повик до инволвираните страни за изнаоѓање дипломатско решение во Идлиб. 

Привлекувајќи внимание кон тоа дека реализацијата на евентална воена операција врз Идлиб ќе доведе до поголема опасност во подрачјето, Скоог рече: „Сериозно сме загрижени од воената раздвиженост која што се интензивира од страна на сирискиот режим и Русија и која би можела да се преобрази во потенцијална трагедија за цивилите во северозападниот дел на Сирија. Евентуалниот обемен воен напад врз Идлиб ќе го доведе во опасност животот на повеќе од 3 милиони цивили кои живеат во подрачјето, вклучувајќи ги и децата. Тоа би можело да предизвика нови масовни иселувања на цивилите кои ионака се принудени на иселување од своите родни места поради безмилосната опсада и воените операции на режимот.“

Скоог нагласи дека не може да се прифати и било каква употреба на хемиско оружје во Сирија, а воедно потсети дека подрачјето на Идлиб е последната зона за која од страна на гаранторите на процесот од Астана ветија дека ќе се држи далеку од воени судири.

„До оваа точка ја соопштуваме нашата поддршка до Турција и Обединетите нации (ОН) за нивните напори за изнаоѓање итно дипломатско решение.“ - рече Олаф Скоог, постојаниот претставник на Шведска во  Обединетите нации (ОН).



Слични вести