Панел-дискусија во САД: Не може да се изостави од вид вредноста на Турција како стратешки сојузник

На панел-дискусијата на тема „Иднината на турско-американските односи“ поранешниот потсекретар на американскиот државен секретаријат Џоел Рубин истакна дека не може да се изостави од вид вредноста со која што располага Турција како стратешки сојузник

1045161
Панел-дискусија во САД: Не може да се изостави од вид вредноста на Турција како стратешки сојузник

На одржаната панел-дискусија од страна на тинк-тенк организацијата Фондација за турско наследство со седиште во САД беа поставени на маса турско-американските односи.

На панел-дискусијата на тема „Иднината на турско-американските односи“ како излагачи учествуваа поранешниот потсекретар на американскиот државен секретаријат Џоел Рубин, поранешната функционерка во Белата куќа Моли Монтгомери и професорот на Универзитетот Билкент  од Анкара Акиф Ќиреччи.

Поранешните високи американски функционери во своите излагања на панел-дискусијата се обединија во ставот дека постои простор за надминување на присутните проблеми помеѓу двете земји.

Поранешниот потсекретар на американскиот државен секретаријат Џоел Рубин истакна дека не може да се изостави од вид вредноста со која што располага Турција како стратешки сојузник. 

Џоел Рубин и Моли Монтгомери го нагласија значењето на разговорите меѓу страните за надминување на проблемите помеѓу двете земји и истакнаа дека сеуште постои неопходната основа за изнаоѓање решение за проблемите.

Укажувајќи на тоа дека не може да се изостави од вид вредноста со која што располага Турција како стратешки сојузник, Рубин напомена дека Вашингтон има потреба од Турција во борбата против тероризмот.

Поранешната функционерка во Белата куќа Моли Монтгомери, која работеше како советник во првите месеци од претседателскиот мандат на Доналд Трамп, во своето излагање на панел-дискусијата истакна дека лидерите на двете земји добро го знаат чекорот што ќе го фрлат во тешко време и дека седницата на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН)  претставува можност во оваа смисла.

Професорот на Универзитетот Билкент  од Анкара Акиф Ќиреччи пак кој на панел-дискусијата учествуваше преку видеоконференција од Турција осврнувајќи се на случувањата во регионот истакна дека Турција треба да се оценува како остров на стабилност.



Слични вести