Ердоган: Заштитата на цивилното население во Идлиб е од животно значење

Претседателот Ердоган истакна дека заштитата на цивилното население во подрачјето на градот Идлиб во Сирија е од животно значење

1045468
Ердоган: Заштитата на цивилното население во Идлиб е од животно значење

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, иранскиот претседател Хасан Рухани и рускиот претседател Владимир Путин по одржаниот троен самит во Техеран посветен на Сирија одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот.

Во оваа пригода претседателот Ердоган истакна дека од животно значење е да се заштити цивилното население во подрачјето на градот Идлиб во Сирија и да се зачува постоечкиот статус на ова подрачје како област за намалување на затегнатоста.

Велејќи дека овие самити пружаат значајни можности и од аспект на пресметување на точката до која е дојдено во Сирија и утврдување на чекорите кои што ќе бидат фрлени за во иднина, Ердоган рече: „Причината поради која денеска се наоѓаме овде е да ги бараме патиштата за ставање крај на човечката трагедија што се доживува.“

„Ние наместо да се ослониме и да го гледаме пожарот како што прават другите, ги бараме патиштата за гаснење на тој пожар и за тоа ги ставаме нашите раце под каменот“, - рече Ердоган и продолжи со следните зборови: „Од животно значење е да се заштити цивилното население во подрачјето, да се одделат терористичките елементи и да се зачува постоечкиот статус на Идлиб.“ 

Претседателот Ердоган објасни дека Турција располага со 12 набљудувачки пунктови во Идлиб и истакна дека на тој начин Турција презеде значајна одговорност за воспоставување на спокојството на теренот. 

Велејќи дека Турција апсилтно не сака народот во Идлиб кој што трпеше големи болки и страдања да биде подложен на нови трагедии, претседателот Ердоган рече: „Прашањето со Идлиб треба да се реши со оданост кон духот од Астана беа притоа да се дозволи да дојде до нови блки, нови тензии и нови тешкотии.“

„Турција уште од почетокот води борба да стопирање на крвопролевањето во Сирија“, - напомена Ердоган и додаде: „Им излегуваме во пресрет на нашите сириски браќа без да правиме било каква разлика меѓу нив.“

Велејќи дека подрачјето на градот Идлиб е во својство на мал модел на речиси цела Сирија, претседателот Ердоган рече: „ Погрешните чекори кои што ќе бидат фрлени овде ќе се почувствуваат кај сите страни.“

„Ние ионака моментално згрижуваме 3,5 милиони лица. Бројот на населението во Идлиб во моментов изнесува 3,5 милиони. Немаме ниту сила, ниту можности за да згрижиме уште 3,5 милиони лица. Чекорот што ќе го фрлиме во моментов е заедно да го спречиме иселувањето до кое би дошло одовде (Идлиб). Затоа пак треба да бидеме успешни во борбата против тероризмот.“

Домаќинот на тројниот самит во Техеран иранскиот претседател Хасан Рухани пак рече: „Треба да преземеме мерки за да не им се наштети на цивилите во Идлиб.“

Рускиот претседател Владимир Путин исто така рече: „Со предлог на претседателот Ердоган упатуивме повик до сите страни да го остават оружјето.“



Слични вести