Ердоган: САД и доставуваат годишно 800-850 милиони долари на ФЕТО

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека САД и доставуваат годишно 800-850 милиони долари на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО

1044801
Ердоган: САД и доставуваат годишно 800-850 милиони долари на ФЕТО

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се состана со претседателот на Бенин Патрис Талон кој допатува во официјална посета на Турција.

По средбата лице в лице се прермина на разговори помеѓу делегациите на двете земји, а потоа двајцата претседатели Ердоган и Талон одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот.

Во оваа пригода претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека САД и доставуваат годишно 800-850 милиони долари на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО.

Велејќи дека со претседателот на Бенијн Патрис Талон се стекнале со можност да разговараат и во врска со прашањето на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО, претседателот Ердоган рече: „Познато е дека ФЕТО, оваа организација е вирус кој што се преобразува во секој облик, се инфилтрира и продира во секоја земја, на секое место. На ист начин секако овие се влезени и во Бенин. Нашите претставници на Фондацијата Маариф стапија на задача минатиот месец. Се надеваме, верувам дека за најскоро време ќе добиеме резултат во однос на ликвидацијата на врските на ФЕТО во оваа земја (Бенин).“

Ердоган нагласи дека ФЕТО онака како што е инфилтрирана во сите државни институции во Турција би можела со иста тактика да е инфилтрирана и во Бенин.

„Америка му стави на располагање (водачот на ФЕТО) земјиште со површина од 400 хектари и од овој посед тој оттаму раководи со сите негови организации во светот. Парите кои што Америка и ги плаќа на оваа органзиација годишно за најзините чартер школи изнесува 800-850 милиони долари. Од корист е особено да се знае тоа. Го сметам за многу многу важно од аспект на тоа да се знае што се има и кои се наоѓаат зад оваа организација.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. 

 



Слични вести