Ердоган на тројниот самит во Техеран инсистираше на постигнување прекин на огнот во Идлиб

Претседателот Р. Т. Ердоган на тројниот самит во Техеран предупреди дека евентуалниот напад врз Идлиб во Сирија ќе резултира со катастрофа, масакр и човечка трагедија, поради што инсистираше на постигнување прекин на огнот во ова подрачје

1045361
Ердоган на тројниот самит во Техеран инсистираше на постигнување прекин на огнот во Идлиб

Во Техеран започна критичниот троен лидерски самит меѓу Турција, Русија и Иран, посветен на Сирија на кој учествуваат претседателите на трите земји Реџеп Тајјип Ердоган, Владимир Путин и домаќинот Хасан Рухани. 

На отворањето на тројниот самит претседателот Реџеп Тајјип Ердоган предупреди дека евентуалниот напад врз подрачјето на градот Идлиб во Сирија ќе резултира со катастрофа, масакр и човечка трагедија.

На тројниот самит во Техеран удри белег барањето на претседателот Ердоган за постигнување прекин на огнот во Идлиб.

„Не сакаме Идлиб да биде претворен во езеро од крв“, - рече Ердоган и напомена дека подрачјето на градот Идлиб е од животно значење за националната безбедност на Турција и регионалниот мир, а не само за политичката иднина на Сирија. 

Велејќи дека резултатите кои што ќе произлезат од самитот се очекуваат со нетрпение од страна на целиот свет, Ердоган истакна дека верува оти со одлуките кои што ќе се донесат нема да западнат во вода очекувањата.

„Денеска назад од зоните за намалување на затегнатоста остана само подрачјето на градот Идлиб“, - рече претседателот Ердоган и продолжи со следните зборови: „Овде опозицијата, поради случувањата кои што се доживуваат по формирањето на наведените зони, мисли дека е измамена по ова прашање. Ние како Турција гледаме дека овој процес за кој што дадовме жртви и покажавме сериозна самопожртвуваност, во моментов дојде до многу ризична ситуација.“ 

Нагласувајќи дека постои потреба од различни методи кои што изискуваат време и трпение за ефикасна борба против терористите на место каде што е се вовлечено едно во друго како во Идлиб, претседателот Ердоган го подвлече следното: „Во суштината на духот од Астана се наоѓа прашањето да покажеме волја за обединување во минимални заеднички погледи. Овие минимални заеднички погледи пак е да се воспостави политичкото единство на Сирија, да се зачува територијалниот интегритет и да се изнајде мирољубиво политичко решение за спорот.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека Турција никако не сака Идлиб да биде претворен во море од крв и од своите пријатели очекува да ги поддржат нејзините напори.

Ердоган рече: „Во Идлиб треба да изнајдеме прифатлив излез. Треба да целиме кон решавање на прашањето согласно духот од Астана. Особено ве молам правилно да се разбере чувствителноста на Турција по ова прашање. Додека ние се фокусираме на Идлиб источно од реката Еуфрат се доживуваат непосакувани случувања. Ние сме вознемирени од тоа што САД зајакнуваат една друга терористичка организација (сепаратистичката ПКК/ПЈД) во регионот.“ 

Велејќи „Не можеме да прифатиме овој регион да му се препушти на милост и немилост на режимот на Бешар Асад чии извршени масакр врз сопствениот народ сеуште се свежи во нашите сеќавања“, претседателот Ердоган напомена дека Турција е одлучна да го зачува своето присуство во регионот се додека не бидат воспоставени во вистинска смисла на зборот политичкиот, географскиот и општествениот интегритет Сирија.

Ердоган рече: „Треба да преземеме заеднички став против секој вид тероризам кој што произлегува од Сирија вклучувајќи ја и сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ и против иницијативите кои посегнуваат по територијалниот интегритет на Сирија.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор неколкупати нагласи дека има итна потреба од постигнување прекин на огнот во Идлиб и го подвлече следното: „Постои голема корист во моментов од бомбардирањата во Идлиб веќе да се постигне прекин на огнот. Во моментов народот во Идлиб е во страв во сериозна смисла. Мислам на цивилниот народ и од овде започнаа иселувања. Место каде што можат да отидат овдешните луѓе повторно е Турција и тие доаѓаат кон нашите граници. Од мошне големо значење е овде да се постигне прекин на огнот.



Слични вести