Во предвечерието на утрешниот критичен лидерски самит Турција-Русија-Иран во Техеран

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин и домаќинот иранскиот претседател Хасан Рухани ќе се состанат утре (07 септември 2018) во Техеран

1044694
Во предвечерието на утрешниот критичен лидерски самит Турција-Русија-Иран во Техеран

Почна одбројувањето за утрешниот критичен лидерски самит во главниот град на Техеран.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин и домаќинот иранскиот претседател Хасан Рухани ќе се состанат утре (07 септември 2018) во Техеран.

На овој самит од критично значење ќе биде направена проценка на политичката иднина на Сирија на чело со случувањата во подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на оваа земја.

Реализацијата на евентуална операција од страна на режимските сили во подрачјето на градот Идлиб , како и тврдењето на коалиционите сили околу евентуалната употреба на хемиско оружје во Идлиб ја зголемија уште повеќе тензијата во Сирија.

Во период на сиве овие случувања погледите се свртени кон утрешниот троен лидерски самит меѓу Турција, Русија и Иран во Техеран.

Првиот самит посветен на прашањето со Сирија се одржа на 22 ноември 2017 година во Сочи, чиј домаќин беше рускиот претседател Владимир Путин.

Во април оваа година лидерите на трите земји Турција, Русија и Иран се состанаа по втор пат.

Адреса на овој троен лидерски самит одржан по изминати 5 месеци беше Анкара.

Тројцата лидери се состанаа на 4 април во претседателската палата Куллијето во Бештепе во Анкара и овојпат домаќин беше претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Погледите сега се свртени кон третиот лидерски самит во Техеран.

На овој самит од страна на тројцата лидери, Реџеп Тајјип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рухани ќе бидат разгледани мерките за изнаоѓање на долгорочно решение во Сирија, конкретните активности во контекст на борбата против тероризмот и прашања во врска со процесот на нормализирање на ситуацијата на теренот во Сирија.

Ставот на официјална Анкара во овој процес е јасен, а тоа е да се зачува статусот на подрачјето на градот Идлиб, како последна зона на деескалација во Сирија и да не му се наштети на цивилното население во ова подрачје.

Од друга страна прашање кое што доведува до загриженост кај Анкара е појавата на евентуален нов бегалски бран кон Турција во случај на реализирација на евентуална операција на подрачјето на градот Идлиб.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по утрешниот троен лидерски самит во Техеран се очекува да оствари и билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин.



Слични вести