Претседателот Ердоган го прими германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас

Германскикот министер за надворешни работи Хеико Мас кој допатува во работна посета на Анкара вчера во претседателската палата Куллијето во Бештепе во Анкара беше примен кај претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

1044031
Претседателот Ердоган го прими германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го прими германскикот министер за надворешни работи Хеико Мас кој допатува во работна посета на Анкара.

Приемот во претседателската палата Куллијето во Бештепе во Анкара траеше приближно еден час.

На приемот присуствуваше и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас пред да допатува од Германија во Анкара изјави дека Турција освен тоа што е голем сосед, Таа е и значаен партнер на Германија.

Хеико Мас во својата објава на социјалната мрежа Твитер на турски го напиша следното: „Турција освен тоа што е голем сосед, Таа е и значаен партнер на Германија. Располагаме со силна волја за уште повеќе подобрување на нашите односи. Со мојата посета на Турција сакам да придонесам во тоа. Турција е повеќе од сосед.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас денеска ќе учествуваат на церемонијата на започнување на новата учебна 2018-2019 година на Германската гимназија во Истанбул.



Слични вести