Меркел: Здравиот развој на турската економија е стратешки интерес на Германија

Германската новинска агенција „ДПА“ го објави и делот од интервјуто на телевизијата РТЛ/н-тв со германската канцеларка Ангела Меркел каде што Таа вели дека здравиот развој на турската економија е стратешки интерес на Германија

1044658
Меркел: Здравиот развој на турската економија е стратешки интерес на Германија

Германската новинска агенција „ДПА“ го објави и делот од интервјуто на телевизијата РТЛ/н-тв со германската канцеларка Ангела Меркел во врска со Турција и случувањата во подрачјето на градот Идлиб во Сирија. 

Меркел во интервјуто истакнува дека здравиот развој на турската економија е стратешки интерес на Германија и вели: „Доколку фрлиме чекор кој што ќе доведе до ослабување на Турција нема да делуваме согласно нашите сопствени интереси.“

Турско-германските односи Меркел ги коментира со зборовите „Не можеме секогаш да мислиме црно или бело. Ова е реалност.“ и додава дека во Германија живеат 3 милиони Турци поради што двете земји се поврзани една со друга со специјална врска.

Во интервјуто кое што ќе се емитува вечерва германската канцеларка Ангела Меркел се осврнува и на случувањата во подрачјето на Идлиб во Сирија и можната офанзива на режимот при што упатува повик да се избегнува од доживување на евентуална човечка трагедија во Идлиб.

Меркел потсетува дека главно треба да се води борба против радикалите, но дека притоа треба да се заштитат и цивилите.

Ангела Меркел додава дека по прашањето на евентуалната операција на подрачјето на Идлиб во Сирија и заштитата на цивилниот народ во ова подрачје разговарала и со рускиот претседател Владимир Путин и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести