Координационен состанок за Сирија под претседателство на потпретседателот Фуат Октај

На состанокот освен 15 заменици министри учествуваа и функционери на претседателската власт, Управата за елементарни непогоди и итни состојби АФАД, Националната разузнавачка служба МИТ и на Управата за верски прашања

1043598
Координационен состанок за Сирија под претседателство на потпретседателот Фуат Октај

Во претседателската палата Куллијето во Бештепе во Анкара се одржа Координационен состанок за Сирија со кој претседаваше потпретседателот Фуат Октај.

На состанокот освен 15 заменици министри учествуваа и функционери на претседателската власт, Управата за елементарни непогоди и итни состојби АФАД, Националната разузнавачка служба МИТ и на Управата за верски прашања.

Притоа беше разговарано за последната состојба до која е дојдено во активностите на министерствата и надлежните институции во подрачјата во Сирија кои што беа исчистени од тероризмот со операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче на Турските вооружени сили (ТВС).

На состанокот функционерите од министерствата и институциите го инфромираа потпретседателот Фуат Октај во врска со активностите кои што се реализираат во наведените подрачја, а воедно беше направена проценка и на мерките кои што се преземаат и ќе бидат преземени во однос на проблемите кои што се појавуваат.

Освен тоа на состанокот беше дискутирано за предлозите во врска со тоа како ќе се искористат финансиските средства од вториот пакет во износ од 3 милијарди евра за кој што се очекува да и се додели на Турција од страна на Европската унија (ЕУ), наменет за потребите на сириските бегалци.

 



Слични вести