Ердоган: Во Идлиб се спроведува мошне суров процес, таму има 3,5 милиони луѓе

Претседателот Ердоган во врска со евентуалната операција на Идлиб во Сирија рече: „Во Идлиб се спроведува мошне суров процес. Таму има 3,5 милиони луѓе. Доколку се доживее евентуална трагедија првото место каде што ќе бегаат овие луѓе е повторно Турција.“

Ердоган: Во Идлиб се спроведува мошне суров процес, таму има 3,5 милиони луѓе

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во авионот на враќање од посетата на Киргистан одговараше на прашањата на новинарите во врска со актуелни теми.

Притоа претседателот Ердоган во врска со евентуалната операција во подрачјето на градот Идлиб во Сирија рече: „Во Идлиб се спроведува мошне суров процес. Таму има 3,5 милиони луѓе. Доколку се доживее евентуална трагедија првото место каде што ќе бегаат овие луѓе е повторно Турција.“  

Велејќи дека ситуацијата во Идлиб е значајна за Турција, Ердоган рече: „Бидејќи во Идлиб моментално се спроведува мошне суров процес. Таму има 3,5 милиони луѓе. Аллах да сочува ако се доживее евентуална трагедија место од прв степен каде што би можеле да бегаат овие луѓе е повторно Турција. Во моментов многу е значајна нашата соработка со Русија. САД ја префрлаат топката на Русија, а Русија на САД. Меѓутоа Аллах да сочува ако почнаат да се стрелаат ракети таму ќе се доживее мошне сериозен масакр. Во една таква ситуација каде ќе дојдат оние кои ќе избегаат од таму? Во голема мера повторно ќе дојдат кај нас. Тоа може да доведе до нов проблем.“

Потсетувајќи дека во петокот во главниот град на Иран Техеран ќе се состане со домаќинот иранскиот претседател Хасан Рухани и со рускиот претседател Владимир Путин, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го подвлече следното: „На 7 септември ќе се одржи самитот во Техеран. Иншаллах самитот во Техеран ќе заврши позитивно и ќе успееме да ги спречиме прекумерностите на сирискиот режим. Му придаваме голема важност на самитот.“

 



Слични вести