Во операциите од 27 август до 3 септември, за една недела се неутрализирани 46 терористи на ПКК

Во реализираните операции во последната една недела, во периодот од 27 август до 3 септември се неутрализирани 46 терористи од кои 26 се убиени, 8 се фатени живи, а 12 терористи им се предадоа на безбедносните сили

1042034
Во операциите од 27 август до 3 септември, за една недела се неутрализирани 46 терористи на ПКК

Во реализираните операции за воспоставување на внатрешната безбедност во земјата во последната една недела се неутрализирани 46 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, меѓу кои се наоѓаат и четворица терористи од водечкиот кадар.

Во објавеното соопштение од министерството за внатрешни работи беа доставени информации во врска со операциите за воспоставување на внатрешната безбедност кои што се реализирани во периодот од 26 август до 3 септември,

Според тоа во овие реализирани операции во последната една недела се неутрализирани 46 терористи од кои 26 се убиени, 8 се фатени живи, а 12 терористи им се предадоа на безбедносните сили.

Освен тоа во операциите се притворени и 104 лица поврзани со сепаратистичко-терористичката организација ПКК, 153 лица поврзани со Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО, 21 лице поврзано со терористичката организација ДЕАШ и 8 лица за кои се оценува дека се поврзани со ливичарските терористички организации.

Во рамките на операциите беа водени постапки и во врска со 274 сметки на социјалните медиуми кои вршат пропаганда на терористичките организации и содржат говори на омраза и гнев.

Во врска со 178 лица е покрената законска постапка.

 



Слични вести