МНР на Турција: Чувствуваме загриженост од судирите во Либија

Турското министерство за надворешни работи истакна дека се чувствува загриженост од судирите кои што започнаа во главниот град на Либија Триполи на 27 август и се засилуваат станувајќи причина за гинење и ранување на голем број цивили

1042125
МНР на Турција: Чувствуваме загриженост од судирите во Либија

Турција соопшти дека чувствува загриженост од судирите во Либија.

Турското министерство за надворешни работи истакна дека се чувствува загриженост од судирите кои што започнаа во главниот град на Либија Триполи на 27 август и се засилуваат станувајќи причина за гинење и ранување на голем број цивили.

Во објавеното писмено соопштение на министерството се нагласува дека значајно е сите сртани во Либија да избегнуваат од преземање на активности кои што има наштетуваат на недолжните цивили и носат ризик од доведување до неуспех на политичкиот процес што се води под водство на Обединетите нации (ОН), по што се изнесува следната констатација: „Турција им дава целосна поддршка на напорите во правец на стопирање на судирите во Триполи и повторното воспоставување на спокојството и безбедноста.“

Инаку, неколку дена како главниот град на Либија Триполи станува сцена на судири помеѓу бригадите од составот на Владата на национално единство.

Како што се наведува судирите се водат помеѓу седмата бригада од составот на министерството за одбрана на Владата на национално единство и бригадата на Револуционерите од Триполи под водство на Хејсем ет-Таџури, поддржуван од бригадаѕа Неваси од составот на министерството за одбрана.

Исто така се вели дека функционерите на седмата бригада наведуваат оти на местата каде што се стационирани во јужниот дел на главниот град се реализираат напади од страна на Револуционерите од Триполи и бригадите Неваси.



Слични вести