Коѕијас утре во Измир ќе учествува на свеченото отворање на обновениот генерален конзулат на Грција

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас утре ќе допатува во Измир каде што ќе учествува на свеченото отворање на обновената зграда на генералниот конзулат на оваа земја, а ќе се состане и со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу

1042382
Коѕијас утре во Измир ќе учествува на свеченото отворање на обновениот генерален конзулат на Грција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас ќе се состанат на утрешното свечено отворање на обновената зграда на генералниот конзулат на Грција во Измир.

Според објавеното соопштение од министерството за надворешни работи, грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас утре ќе допатува во Измир каде што ќе учествува на свеченото отворање на обновената зграда на генералниот конзулат на оваа земја.

Во соопштението се истакнува дека на церемонијата на свеченото отворање на обновената зграда на грчкиот генерален конзулат во Измир ќе присуствува и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Во оваа прилика двајцата шефови на дипломатии Чавушоглу и Коѕијас ќе остварат и средба посветена на билатералните односи помеѓу двете земји.



Слични вести