Претседателот Ердоган во Бишкек пречекан со официјална церемонија

Претседателот Ердоган во Бишкек беше пречекан со официјална церемонија од страна на претседателот на Киргистан Соронбај Џенбеков

1041439
Претседателот Ердоган во Бишкек пречекан со официјална церемонија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган заедно со неговата сопруга Емине Ердоган отпатува во посета на Киргистан каде што ќе оствари низа средби и разговори, а ќе учествува и на церемонијата на отворање на Третите светски номадски игри кои ќе се одржат во градот Чолпон-Ата во областа на езерото Исик Кул и на четвртиот состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу Турција и Киргистан.

Претседателот Ердоган во Бишкек беше пречекан со официјална церемонија од страна на претседателот на Киргистан Соронбај Џенбеков.

На церемонијата најпрвин беа интонирани националните химни на Турција и Киргистан, а потоа претседателот Ердоган ја поздрави почесната гарда.

По официјалниот пречек двајцата претседатели Ердоган и Џенбеков преминаа во Државната гостилница каде што се премина на средба лице в лице и на разговори помеѓу делегациите на двете земји.

По остварените средби и разговори се премина на одржување на четвртиот состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу Турција и Киргистан.

По состанокот двајцата претседатели на Турција и на Киргистан, Реџеп Тајјип Ердоган и Соронбај Џенбеков одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот.



Слични вести