Ердоган: Одлучни сме односите на Турција со Киргистан да ги спасиме од сенката на ФЕТО

Претседателот Ердоган истакна дека се одлучни односите на Турција со Киргистан особено да ги спасат од сенката на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО и да ги развијат уште повеќе

1041731
Ердоган: Одлучни сме односите на Турција со Киргистан да ги спасиме од сенката на ФЕТО

На претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој престојува во официјална посета на Киргистан му беше врачена и титула „Почесен доктор на науки“ на Универзитетот „Манас“ во главниот град Бишкек.

Во говорот што го одржа на церемонијата на врачување на титулата „Почесен доктор на науки“ претседателот Ердоган истакна дека се одлучни односите на Турција со Киргистан особено да ги спасат од сенката на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО и да ги развијат уште повеќе.

Нагласувајќи дека ФЕТО е предавничка организација, Ердоган рече: „Вие (Киргизите) сте наши браќа, оние кои на 15 јули 2016 година извршија воен удар врз нас не дај Боже утре би можеле истото да го сторат и овде. Тие се предавници, тие се подли и од тој аспект ние кои го искусивме тоа ги предупредуваме нашите браќа. Бидете внимателни.“ 

Претседателот Ердоган напомена дека Централна Азија во секој период на историјата била древна татковина на Турците и продолжи со следните зборови: „Нашите предци кои биле родени на овие територии во текот на илјадници години се усмериле кон запад, исток, север и југ, се обиделе да формираат нови сфери на живот за себе. Врската, носталгијата на Анадолија со Централна Азија секогаш продолжи. Периодот на студената војна предизвика оваа блиска врска за извесно време да ослабее.  Врската која што ја воспостави Турција со регионот ги вознемири некои.“

Укажувајќи на тоа дека овие територии во последните години се развија, претседателот Ердоган рече: „Сега постои заживување. Во солидарност ќе го кренеме Киргистан на нозе. Како Турција стоиме покрај Киргистан со онаа воодушевеност и одлучност уште како во првиот ден.“



Слични вести