Турција продолжува да испраќа командоски единици и воена опрема на границата на Идлиб во Сирија

По тврдењата во однос на тоа дека сирискиот режим би можел да започне операција во подрачјето на градот Идлиб и дека натрупува свои сили во ова подрачје, Турските вооружени сили (ТВС) започнаа да испраќаат засилување на границата на Идлиб

Турција продолжува да испраќа командоски единици и воена опрема на границата на Идлиб во Сирија

Турските вооружени сили (ТВС) од градот Килис веднаш во непосредна близина на границата со Сирија испратија командоски единици, топовска батерија и муниција на границата на градот Идлиб во Сирија.

По тврдењата во однос на тоа дека сирискиот режим би можел да започне операција во подрачјето на градот Идлиб и дека натрупува свои сили во ова подрачје, Турските вооружени сили (ТВС) започнаа да испраќаат засилување на границата на Идлиб. 

Командоските единици, топовската батерија и муницијата кои беа испратени од градот Килис тргнаа кон сириската граница, поточно на границата на Идлиб.

Од друга страна, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ги прими претседателот на Високиот преговарачки совет на Сирија Наср ел-Харири и делегацијата во негова придружба.

На приемот во Истанбул стана збор за случувањата во Идлиб и Сирија и политички и регионални случувања.

Приемот траеше приближно една и пол час.



Слични вести