Во руралните подрачја на градот Хаќќари се неутрализирани најмалку 7 терористи на ПКК

Турските вооружени сили (ТВС) реализираа воздушни операции во руралните подрачја на градот Хаќќари во кои се неутрализирани најмалку 7 терористи на ПКК

1040622
Во руралните подрачја на градот Хаќќари се неутрализирани најмалку 7 терористи на ПКК

Во реализираните операции од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во руралните подрачја на градот Хаќќари во југоисточниот дел на земјата се неутрализирани најмалку 7 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение на сметката на Турските вооружени сили (ТВС) на Твитер се истакнува дека на 30 август е реализирана воздушна операција во подрачјето на населеното место Чукурџа кај градот Хаќќари.

Во соопштението се вели дека во оваа операција беа неутрализирани најмалку тројца терористи на ПКК за кои било установено дека се подготвувале за напад на воените единици.

Воедно во подрачјето на населеното место Јуксекова исто така кај градот Хаќќари со помош на беспилотно летало беа установени четворица терористи на ПКК кои се обидувале да се префрлат преку границата.

Во реализираната воздушна операција и во ова подрачје беа неутрализирани овие четворица терористи.



Слични вести