Во Ерменија уапсен Кемал Оксуз, бегалец и висок член на ФЕТО

Како што се дознава по Кемал Оксуз се трагало во САД поради обвинување за извршени кривични дела  “измама и фалсификување“

1040437
Во Ерменија уапсен Кемал Оксуз, бегалец и висок член на ФЕТО

Во Ерменија е фатен Кемал Оксуз, бегалец и висок член на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).

Како што се дознава по Кемал Оксуз се трагало во САД поради обвинување за извршени кривични дела  “измама и фалсификување“.

Кемал Оксуз против кого на барање на САД со посредство на ИНТЕРПОЛ била издадена потерница за негово приведување бил уапсен во главниот град на Ерменија, Ереван.

Како што се истакнува Оксуз во периодот кога ја извршувал должноста претседател на организацијата по име Совет Туркуаз на Американци и Евроазијци поканил и угостил во Турција некои членови на Конгресот и функционери од САД.

Кемал Оксуз се обвинува за доставување на „фалсификувани документи“ до Етичката комисија на Претставничкиот дом на САД во врска со ова патување.

Официјална Анкара која го следи одблизу овој процес заедно со започнувањето на судскиот процес во врска со Кемал Оксуз во САД, се подготвува да достави правно барање за негово испорачување во Турција.

 



Слични вести