Кај градот Батман животот го загубија двајца турски војници

Во судир со терористите во руралното подрачје на населеното место Козлук кај градот Батман животот го загубија двајца турски војници

1040644
Кај градот Батман животот го загубија двајца турски војници

За време на реализирана операција од страна на Турските вооружени сли (ТВС) во руралното подрачје на населеното место Козлук кај градот Батман животот го загубија двајца турски војници.

Според добиени информации, откако во подрачјето за кое станува збор биле установени група терористи била започната операција.

Притоа во првиот оган отворен од страна на терористите беа тешко ранети двајца турски војници.

Ранетите војници веднаш беа префрлени на лекување во болница, меѓутоа и покрај сите напори на лекарите им подлегнаа на раните и го загубија животот, станаа шехиди.

Во вооружената престрелка со терористите беше неутрализиран еден терорист.

Операцијата во подрачјето е во тек.



Слични вести