„Го разбивме терористичкиот коридор за кој се водеа обиди за формирање на границата со Сирија“

Претседателот Ердоган на приемот што го приреди синоќа по повод 30 Август Празникот на победата истакна дека е разбиен терористичкиот коридор за кој се водеа обиди за негово формирање на границата со Сирија

1040758
„Го разбивме терористичкиот коридор за кој се водеа обиди за формирање на границата со Сирија“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа во претседателската палата Куллијето во Бештепе во Анкара во својство на Врховен командант приреди прием по повод 30 Август Празникот на победата и Денот на Турските вооружени сили.

На дневен ред на претседателот Ердоган во говорот што го одржа пред присутните на приемот беа операциите кои што продолжуваат во Сирија и Ирак.

Велејќи дека е разбиен терористичкиот коридор за кој се водеа обиди за негово формирање на границата со Сирија, претседателот Ердоган рече: „Ги згмечивме главите на ДЕАШ на линијата Џераблус-Ел Баб и на ПЈД/ЈПГ во Африн со што ја расипавме оваа игра.“

Ердоган нагласи дека исто така во секоја прилика се изнесува одлучноста и во однос на прашањето подрачјето на Синџар во Ирак да не биде претворено во нов Кандил во врска со што рече: „Фрламе чекори за да расипаме уште една 34 годишна игра, одлучни сме Синџар да не биде претворен во нов Кандил.“

Велејќи дека со остварување на разговори со американските функционери се бараат патиштата за исчистување на подрачјето на Менбич во Сирија од терористите, претседателот Едоган продолжи со следните зборови: „Водиме заеднички активности со Русите и Иранците за да не се случи нова трагедија во Идлиб, како онаа во Алепо. Непрестано продолжуваат нашите подготовки во правец на укинување една по една на терориостичките области источно од реката Еуфрат.“ 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се осврна и на економските напади против Турција во врска со што рече: „Ние не доживуваме и нема да доживееме економски колапс.“

 



Слични вести