Чавушоглу: Турција и Холандија во најскоро време ќе ги назначат своите амбасадори

Министерот за надворешни работи Мевлут Часвушоглу најави дека Турција и Холандија во најскоро време ќе ги назначат своите амбасадори

1041029
Чавушоглу: Турција и Холандија во најскоро време ќе ги назначат своите амбасадори

Турција и Холандија во најскоро време ќе ги назначат своите амбасадори.

Изјавата во оваа насока пристигна од страна на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Чавушоглу во главниот град на Австрија Виена се состана со холандскиот министер за надворешни рабоит Стеф Блок.

Мевлут Чавушоглу во врска со оваа остварена средба објавува пост на сметката сметка на социјалната мрежа Твитер.

Велејќи дека на средбата е донесена одлука за нормализирање на односите помеѓу Турција и Холандија, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во постот напиша: „Одлучивме во најскоро време да ги назначиме меѓусебно нашите амбасадори. Освен тоа мојот колега Блок во почетокот на октомври ќе оствари официјална посета на нашата земја.“



Слични вести