Захарова: Консултациите во врска со визните олеснувања за турските граѓани ќе започнат наесен

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова истакна дека консултациите во врска со визните олеснувања за одредени категории турски граѓани ќе започнат наесен

1040412
Захарова: Консултациите во врска со визните олеснувања за турските граѓани ќе започнат наесен
turk pasaportu.jpg

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова на редовната неделна конференција за претставниците на печатот даде изјави во врска со визниот режим за турските граѓани при нивното патување во Русија.

Захарова истакна дека консултациите во врска со визните олеснувања за одредени категории турски граѓани ќе започнат наесен.

Потсетувајќи дека по остварените преговори помеѓу министрите за надворешни работи на Русија и Турција беше постигнат договор по прашањето на формирање на механизам за визните олеснувања за одредени категории турски граѓани, Захарова рече: „Најпогодна платформа за разгледување на прашањата за визите се билатералните консултации на конзуларните експерти. Овие консултации се планира за наесен.“

 

 



Слични вести