Турција своите воени единици на границата со Сирија ги зајакнува со командоски единици

Командоската единица која во рамките на операцијата Маслиново гранче во подрачјето на Африн во Сирија беше стационирана во Хатај е испратена како засилување за воените единици на границата со Сирија

1040402
Турција своите воени единици на границата со Сирија ги зајакнува со командоски единици

Турските вооружени сили (ТВС) продолжуваат своите воени единици на границата со Сирија продолжуваат да ги зајакнуваат со командоски единици.

Командоската единица која во рамките на операцијата Маслиново гранче во подрачјето на Африн во Сирија беше стационирана во Хатај е испратена како засилување за воените единици на границата со Сирија.

Војниците од командоската единица беа превезени со оклопни возила и како што се дознава се стационирани во пограничните воени бази на границата.

Турските командоси распоредени во пограничните воени единици во текот на денот реализираат патролирања со оклопни возила долж границата со Сирија.

Во меѓувреме, 284 војници-командоси од командоската бригада Сарикамиш во Карс беа испратени во градот Килис веднаш во непосредна близина на границата со Сирија, каде што ќе учествуваат во прекуграничните операции.

 



Слични вести