Реакција од портпаролот на АК Партијата Омер Челик против последните изјави на Макрон

Портпаролот на владејачката АК Партија Омер Челик истакна дека овие видови приоди се ориенталистички приоди од среден степен и дека дури и тоа што таму постои ориенталистички приод е показател колку Макрон останал назад од времето во кое живееме

1040204
Реакција од портпаролот на АК Партијата Омер Челик против последните изјави на Макрон

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик реагираше на критиките на францускиот претседател Емануел Макрон упатени до Турција.

Велејќи дека овие видови приоди се ориенталистички приоди од среден степен, Омер Челик напомена дека дури и тоа што таму постои ориенталистички приод е показател колку Макрон останал назад од времето во кое живееме.

Челик рече: „Од господинот француски претседател ѝ очекуваме да слушнеме изјави со здрав разум на сметка на Турција ѝ би сакале да потсетиме колку е непријатно и опасно да се употребат заедно на исто место исламот и тероризмот.“

Омер Челик напомена дека една друга проценка која што се изнесува е во однос на тоа дека „Турција се оддалечува од Европската унија (ЕУ) и дека затоа треба да се воспостави постратешка соработка со Турција и Русија“, при што нагласи дека моралната и ветена основа на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) е водење на преговори за нејзино полноправно членство.

„Тоа што господинот Макрон ги критикуваше овие односи поставувајќи се себе си на местото на Комисијата на ЕУ или Советот на Европа, за право и не беше правилно. Безброј пати рековме дека Турција не е воен штаб кој што би го сведеле само на борбата против тероризмот или бегалски камп на кој што би гледале само како место за сместување и згрижување на мигрантите. Таа е крајкно силна европска земја која располага со силна демократија. Ова е јасно и отворено: Онолку колку што Франција е европска земја, толку европска земја е и Турција.“

Портпаролот на АК Партијата Омер Челик констатира дека во говорот на францускиот претседател Емануел Макрон се направени повеќе од една грешка и го подвлече следното: „Се надеваме дека ќе го поправат тоа. Особено би сакале уште еднаш да ги потсетиме дека тој израз исламски тероризам не е во прилог на никого, туку дека е само во прилог на радикалните групи и терористите.“

 



Слични вести