Претседателот Ердоган го прими шефот на иранската дипломатија Џевад Зариф

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во седиштето на владејачката АК Партија во Анкара го прими иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф

1040043
Претседателот Ердоган го прими шефот на иранската дипломатија Џевад Зариф
Erdoğan-Zarif.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера го прими иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф кој престојува во посета на Турција.

Приемот во седиштето на владејачката Партија за правда и Развој АКП (АК Партијата) во Анкара се одржа зад затворени врати и траеше приближно еден час.

На приемот присуствуваше и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

По приемот кај претседателот Ердоган, иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф оствари одделна средба со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Чавушоглу во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Со иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф направивме проценка на актуелните билатерални и регионални прашања, вклучувајќи ги и случувањата во Сирија.“ 

 



Слични вести