Пораки од лидерите по повод 30 август Празникот на победата

Во пораките кои што беа објавени од страна на државниот врв и лидерите на политичките партии беше привлечено внимание на значењето на националната борба и беа нагласени единството, слогата и одлучноста во борбата против тероризмот

1039996
Пораки од лидерите по повод 30 август Празникот на победата

Од државниот врв и лидерите на политичките партии беа објавени пораки по повод 30 август Празникот на победата.

Во пораките беше привлечено внимание на значењето на националната борба и беа нагласени единството, слогата и одлучноста во борбата против тероризмот.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим во својата порака истакна дека големата извојувана победа на 30 август 1922 година ја зајакна вербата на угнетените народи за независност.

Јилдирим рече дека не им беше дадена можност на силите на злото да бидат успешни и во обидот за преврат на 15 јули 2016 година.

Јилдирим во пораката напиша: „Нашиот благороден народ делувајќи со свест на одговорност против нападите насочени против неговото постоење не им даде можност на силите на злото. Нашиот народ и на 15 јули делувајќи со свеста добиена од духот на борба на нашите предци го задуши обидот за преврат кој што империјалистичките сили сакаа да го релизираат со посредство на нивните соработници кои подмолно беа инфилтрирани во нашата држава.“

Претседателот на главната опозициона Народната републиканска партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу во својата порака се осврна на начењето на националната борба.

Киличдароглу го истакна следното: „Му придаваме значење на овој празник, празникот на победата не е само празник на Турција, туку е празник и на угнетените земји. Претставува национална борба против империјалистичките сили и оние кои сакаат да ја поделат и распарчат Турција...“ 

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во својата порака по повод 30 август Празникот на победата  ја нагласи одлучноста во борбата против тероризмот.

Акар во својата порака истакна: „Турските вооружени сили (ТВС) ја продолжуваат со одлучност борбата против секои видови закани и опасности на чело со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), сепаратистичко-терористичката организација ПКК и терористичката организација ДЕАШ. Оваа борба ќе продолжи непрестано се додека не биде елиминиран и последниот терорист како внатре во границите на земјата, така и преку границата. 

Претседателот на опозиционата Партија за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели пак во својата порака истакна дека духот на 30 август е сеуште жива во националната совест. 

Бахчели во пораката напиша: „Особено следењето со внимание и претпазливост на превирањата во Идлиб во Сирија,земајќи ги притоа во предвид можните мигрантски бранови кои што ќе влијаат негативно на нашата земја и секој вид можност за појава на вооружен судир, претставуваат потреба на националната безбедност. Никој не треба да се осмели да прави погрешни пресметки над нашата земја и не треба повеќе да го тестира нашето трпение.“



Слични вести