Осуда до грчките власти кои на терористот Куфодинас му дадоа дозвола за дневен излез од затвор

„Уште еднаш остро го осудуваме тоа што грчките органи по четврти пат му дадоа дозвола за дневен излез од затвор на Димитрис Куфодинас, членот на терористичката организација ’17 Ноември’“ - се вели во соопштението на МНР на Турција

1040358
Осуда до грчките власти кои на терористот Куфодинас му дадоа дозвола за дневен излез од затвор

Турција го осуди тоа што грчките власти по четврти пат му дадоа дозвола за дневен излез од затвор на Димитрис Куфодинас, членот и едниот од основачите на терористичката организација „17 Ноември“ која стои зад низа извршени напади и убиства во Грција.

Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи се вели следното: „Уште еднаш остро го осудуваме тоа што грчките органи по четврти пат му дадоа дозвола за дневен излез од затвор на Димитрис Куфодинас, членот на терористичката организација ’17 Ноември’“.

„Толеранцијата која што се покажува кон еден терорист кој учествувал во убиството на нашите дипломати претставува навреда за нивните спомени и нивните семејства. Ваквиот начин на однесување во врска со еден злогласен терорист доведува до голема слабост (пропуст) во борбата против тероризмот.“

На членот и еден од основачите на терористичката организација „17 Ноември“ познат по кодното име  „Лукас“ кој поради извршени терористички злосторства е осуден на 16 доживотни затворски казни и кој од 2002 година се наоѓа во затвор и претходно од страна на затворскиот совет на три пати му беше издадена дозвола за дневен излез.  

Терористичката организација „17 Ноември“ во периодот од 1991 до 1994 година изврши убиство врз турските дипломати на задача во амбасадата на Турција во Атина Четин Ѓорѓу и Омер Сипахиоглу, а потсекретарот на амбасадата Дениз Болукбаши, аташето за административни работи Нилѓун Кечеџи и возачот Адил Јилдирим беа ранети. 

 



Слични вести