Министерот за национална одбрана Акар разговараше телефонски со својот руски колега Шојгу

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар водеше телефонски разговор со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу посветен на ситуацијата во Сирија и билатералната соработка помеѓу двете земји

1040124
Министерот за национална одбрана Акар разговараше телефонски со својот руски колега Шојгу

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар оствари телефонски разговор со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Во телефонскиот разговор беа разменети мислења во однос на ситуацијата во Сирија и билатералната соработка помеѓу двете земји.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во последните две недели на три пати разговараше со својот руски колега Сергеј Шојгу со кого на два пати оствари директна средба лице в лице.

Акар заедно и со претседателот на Националната разузнавачка служба МИТ Хакан Фидан најпрвин на 17 август, а потоа и на 24 август оствари две одделни посети на Москва каде што одржа директни средби со својот колега, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.



Слични вести