Јилдирим: Ракетните системи С-400 нема да претставуваат закана за ниту една земја на НАТО

Претседателот на Собранието Бинали Јилдирим изјави во Азербејџан дека ракетните системи за противвоздушна одбрана С-400 кои што Турција ги купи од Русија никогаш нема да претставуваат закана за ниту една земја на НАТО

1040250
Јилдирим: Ракетните системи С-400 нема да претставуваат закана за ниту една земја на НАТО

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим во рамките на својата посета на главниот град на Азербејџан Баку беше гостин во програмата на азербејџанската државна телевизија „Ичтимаи ТВ“.

Јилдирим притоа се осврна на ракетните системи за противвоздушна одбрана С-400 кои што Турција ги купи од Русија и истакна дека овие ракетни системи никогаш нема да претставуваат закана за ниту една земја на НАТО.

Велејќи дека руските ракетни системи С-400 беа купени поради тоа што вакви системи не можеа да се обезбедат од САД или од европските земји членки на НАТО, Бинали Јилдирим напомена дека овие системи за противвоздушна одбрана ќе се користат особено против заканите од јужната граница на Турција.

Претседателот на Собранието Бинали Јилдирим подвлече дека Турција е суверена земја која своите сопствени одлуки ги донесува самата.

Јилдирим нагласи дека од истите ракетни системи купи и Грција и го критикуваше тоа што се покажува реакција само кога е во прашање Турција.



Слични вести