Бинали Јилдирим: Победата на 30 август 1922 година ја зајакна вербата на угнетените народи

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим во пораката по повод 30 август Празникот на победата истакна дека извојувана победа на 30 август 1922 година ја зајакна вербата на угнетените народи за независност

1039807
Бинали Јилдирим: Победата на 30 август 1922 година ја зајакна вербата на угнетените народи

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим објави порака по повод 30 август Празникот на победата и Денот на Турските вооружени сили.

Јилдирим истакна дека големата извојувана победа на 30 август 1922 година ја зајакна вербата на угнетените народи за независност.

Бинали Јилдирим во пораката напомена дека народноослободителната борба која започна од Самсун на 19 мај 1919 година беше крунисана со победата на Думлупинар на 30 август 1922 година. 

Велејќи „Нашиот народ во својата историја никогаш не потпаднал под ропство“, Јилдирим потсети дека едниот од најконкретните примери за тоа дека не им е дадена можност на силите на злото, беше неуспешниот обид за преврат на 15 јули 2016 година.

„По тој повод изразувам милост, благодарност и почит до сите наши газии и шехиди за време на народноослободителната борба, на чело со Врховниот командант на нашите армии и првиот претседател на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Гази Мустафа Кемал Ататурк.“ - истакна претседателот на Собранието Бинали Јилдирим во својата порака што ја објави по повод 30 август Празникот на победата и Денот на Турските вооружени сили.

 



Слични вести