Телефонски разговор помеѓу Ердоган и Штајнмаер
Двајцата лидери Ердоган и Штајнмаер во телефонскиот разговор нагласија дека задоволува повторното функционирање на механизмите на консултација и соработка помеѓу Турција и Германија и ја потврдија одлучноста за развивање на меѓусебните односи

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.
Според добиени информации од извори на кабинетот на претседателот, во телефонскиот разговор освен билатералните односи стана збор и за актуелни прашања.
Двајцата лидери Ердоган и Штајнмаер нагласија дека задоволува повторното функционирање на механизмите на консултација и соработка помеѓу Турција и Германија и ја потврдија одлучноста за развивање на меѓусебните односи.
Во телефонскиот разговор стана збор и за подготовките во врска со посетата што ќе ја оствари претседателот Ердоган на Германија, на крајот на идниот месец.
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер истакнаа дека разговорите кои што ќе ги остварат во наредните денови министрите за надворешни работи, трезот и финансии на двете земји ќе придадат интензитет на зајакнувањето уште повеќе на меѓусебните односи.
Слични вести
