Хеико Мас: „Како Европејци сакаме да видиме стабилен економски развој во Турција“

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас истакна дека како Европејци сакаат да видат стабилен економски развој во Турција

1039106
Хеико Мас: „Како Европејци сакаме да видиме стабилен економски развој во Турција“

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас на состанокот на германските амбасадори што се одржа во главниот град Берлин ја критикуваше политиката на санкции на САД.

Потсетувајќи дека САД пред кусо време воведоа санкции и ставија во примена дополнителни даноци и кон Турција, Мас рече: „Ние како Европејци сме заинтересирани за стабилен економски развој во Турција.“

Мас истакна дека за време на посетата што ќе ја оствари идната недела на Турција ќе оствари средби посветени на економската состојба.

Мас потсети дека во последно време се преиспитува економскиот поредок кој што се потпира на правила и дека Германија како отворена економија е подложена на влијание од тоа. 

Мас ја изнесе следната констатација: „Со отвореност наместо протекционизам можат да се постигнат повеќе работи. Тоа важи и во економската сфера, а не само политички.“

Нагласувајќи дека со дополнителните царински даноци се врши протекционизам, Мас рече: „Царинските даноци и котите треба да бидат прашање на преговори. не треба да бидат средство за казнување на други земји.“

Мас се осврна и на санкциите на САД кон Кина и рече: „Трговскиот спор помеѓу САД и Кина нас не само што не загрижува, туку и не погодува.“

Укажувајќи на тоа дека САД го напуштија постигнатиот нуклеарен договор со Иран и соопштија дека ќе спроведуваат санкции врз оваа земја, Мас потсети дека поради тоа некои фирми сакаат да се повлечат од Иран.

Мас напомена дека сакаат да им помогнат колку што можат на оние фирми кои сакаат да останат во Иран.

Во врска со санкциите на САД кои влијаат и на трговијата меѓу Европската унија (ЕУ) и Русија, германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас истакна дека неприфатливо е тоа што се сака енергетската политика на Европа да биде подложена на влијание со санкции. 

Во врска со заканите на американскиот претседател Доналд Трамп против германските авотомобилски фирми пак, Мас ја изнесе следната констатација: „Германските автомобили не претставуваат закана за националната безбедност на САД. Германските автомобили ги прават уште побезбедни американските улици.“

Нагласувајќи дека Европа треба да биде во единство против овие случувања, Мас рече: „Европа ако зборува со единствен глас ќе има своја тежина.“

Тоа, рече Мас, го докажа претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер на остварената средба со американскиот претседател Доналд Трамп по прашањето на дополнителните даноци.



Слични вести