Во периодот од 20 до 27 август за една недела се неутрализирани 26 терористи на ПКК
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во операциите за воспоставување на внатрешната безбедност во периодот од 20 до 27 август, за една недела се неутрализирани 26 терористи на ПКК од кои 5 мина високо рангирани терористи

Во реализирани операции во последната една недела во Турција се неутрализирани 26 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во операциите за воспоставување на внатрешната безбедност во периодот од 20 до 27 август, за една недела се неутрализирани 26 терористи на ПКК од кои 5 мина високо рангирани терористи од водечкиот кадар.
Според податоците на министерството, во реализираните операции исто така беа доведени во неупотреблива состојба и една скривница/засолниште/пештера, а беа уништени и 14 тешки и автоматски оружја, 13 рачни бомби, 1.290 парчиња муниција и една експлозивна направа од рачна изработка.
Освен тоа во рамките на борбата против илегалната имиграција од страна на екипите на Командата на крајбрежната стража во морињата на Турција беа фатени и 608 илегални имигранти.
Слични вести

Ердоган: „Нема да застанеме се додека не заврши изградбата на голема и силна Турција“
Минатата година ја затворивме со многу добри резултати во инвестициите и буџетските имплементации

Ердоган: „Нема да застанеме се додека не заврши изградбата на голема и силна Турција“
Ердоган: „Нема да застанеме се додека не заврши изградбата на голема и силна Турција“