Русија: Ракетниот систем С-400 ќе и биде предаден на Турција во 2019 година

Директорот за меѓународна соработка и регионални политики на руската државна корпорација за одбранбена индустрија „Ростех“ Виктор Кладов го изнесе следното: „Планираме првиот систем да и се предаде на Турција во 2019 година

1038330
Русија: Ракетниот систем С-400 ќе и биде предаден на Турција во 2019 година

Русија соопшти дека системите за противвоздушна одбрана С-400 ќе и бидат предадени на Турција во 2019 година.

Виктор Кладов, директорот за меѓународна соработка и регионални политики на руската државна корпорација за одбранбена индустрија „Ростех“, даде изјави во врска со системите за против воздушна одбрана С-400 кои ќе и бидат испорачани на Турција, заедничкото производство на воен авион и проектите во воената-техника и другите индустриски сектори.

Укажувајќи на тоа дека за производството на петтата генерација заеднички воен авион помеѓу Русија и Турција постои потреба од долг процес на консултација, Кладов ја изнесе следната констатација: „За еден ваков голем проект не е доволна само заинтересираноста на страните, туку истовремено тие треба да бидат подготвени и за заедничко работење.“ 

Виктор Кладов напомена дека производството на заеднички воен авион претставува „сериозна“ одлука и рече: „Меѓутоа доколку се донесе таква одлука јас сум сигурен во тоа дека Русија и Турција располагаат со доволна технолошка и индустриска инфраструктура за постигнување на значајни резултати во имплементацијата на овој проект.“ 

„Јасно би можел да кажам дека договорот за С-400 претставува значаен чекор за зајакнување и развивање на воено-техничката соработка помеѓу нашите земји. Не гледам одредена препрека пред развојот на нашата соработка и во различните нови индустрии.“ - рече Кладов.

Потсетувајќи дека Турција сака да ја повлече на напред испораката на ракетните системи С-400, Виктор Кладов го изнесе следното: „Планираме првиот систем да и се предаде на Турција во 2019 година. С-400 се систем за противвоздушна одбрана на кој што му нема сличен на светот, а со кој би можеле да ги елиминирате речиси сите можни закани од воздух.“



Слични вести